„Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет“, вели претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски по однос на барањата на ВЛЕН за формирање албанска Академија на науки и уметности.
Реакцијата на Димитриевски ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:
„Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на акедонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки“, стои во писмената реакција на Димитриевски.
Никола Ивановски