Димитриевски и Јовановиќ остануваат во МКК Куманово, Радукиќ ново засилување

Сподели со своите пријатели

Младите и амбициозни кумановци Лука Димитриевски и Милош Јовановиќ ги обновија своите договори за претстојната сезона во МКК Куманово.

Loading...

Димитриевски има 20 години и во текот на изминатите сезони се покажа како нова надеж на кумановската кошарка.

 

 

Една година постариот Милош Јовановиќ исто така е еден од младите надежи на клубот кој оваа сезона повторно ќе го облече сино-белиот дрес.

 

Loading...

 

Нов член на ростерот кој ќе го предводи Марин Докузовски, ќе биде Александар Радукиќ.

Радукиќ доаѓа со богато искуство во професионалната кошарка, играјќи во неколку познати европски лиги.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Роден е во 1991 во Нова Градишка,Хрватска и е кошаркар од босанска националност кој игра на позицијата крилен центар.

Во новиот состав, како што вчера објави клубот, ќе биде и српскиот интернационалец Урош Луковиќ.

Никола Ивановски