Димитриевски: Формиравме граѓанско здружение и во Дојран

Сподели со своите пријатели

Денеска, во Дојран се формираше граѓанското здружение „Нова визија за иднината“, а за негов претседател избран е Илија Илиев.

Loading...

Идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски потенцираше дека граѓаните го препознаваат искрениот граѓански концепт што ќе донесе позитивни промени во државата.

„Горд сум што голем број граѓани без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност насекаде низ државата покажуваат желба да се приклучат на граѓанското движење кое има за цел следната година да ја преземе власта и конечно да стави ред во државата, креирајќи систем каде што институциите ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните, наместо како досега во интерес на поединци и политичките субјекти. Поддршката секојдневно се зголемува, граѓаните го препознаваат искрениот граѓански концепт кој ќе донесе позитивни промени во државата. Граѓански здруженија претходно се формираа во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово, Гостивар и Гевгелија“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето