Дигиталниот живот на децата започнува се порано, а тоа не е добро (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дури 75 отсто од децата на возраст од седум до 13 години имаат свои мобилни уреди, што предизвикува вознемиреност и загриженост кај над 65 отсто од родителите.

Loading...

 

 

Британски „Гардијан“ наведува дека секое петто британско дете на возраст од три до четири години има мобилен телефон.

Зголемениот број на корисници меѓу најмалите деца, пишува овој весник, го доведува во прашање јавното здравје, а експертите особено предупредуваат за времето поминато пред екранот.

Истражувањето на компанијата „Офком“ покажа дека овие деца имаат проблем со контролата на вниманието и дека итно треба да се спроведат мерки за забрана на користење на мобилни уреди од најмладите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G технологијата

Научниците велат дека контекстот во кој децата користат апликации за мобилни телефони е клучен, по што тие изразија особена загриженост зошто толку многу три и четиригодишни деца имаат свои мобилни телефони.

Loading...

Иако станува збор за уреди од кои се отстранети картичките и се користат само за гледање смешни видеа, сепак, сметаат тие, проблемот е што децата кои поминуваат време пред екранот немаат доволно други активности.

– Премногу време на телефон е проблематично доколку го намали времето на интеракција на децата со родителите и ги лиши од доволно сон и физичка активност – велат експертите.

Експертите велат дека на децата им е потребна социјална интеракција, комуникација, игра, вежбање и сон и дека родителите треба да размислат дали е воопшто прифатливо да им дозволат да користат мобилни уреди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G технологијата