Дезинсекција против крлежи неделава во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дезинсекција против крлежи во четврток и петок во 05:00 часот ќе биде изведена на територијата на Општина Куманово, информираат денеска надлежните.

Loading...

Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести, каде како вектори се јавуваат истите.

– Со овој третман ќе бидат опфатени јавно-прометни зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, плоштадот и парковите, информираат од локалната самоуправа.

Третираните површини ќе бидат видно одбележени и не се препорачува престој на површините како за луѓе, така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Никола Ивановски