Девојче бегалец со својата мајка завршила на скопските клиники откако со напад на епилепсија било однесено во Општата болница во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Тие од Транзитниот центар биле префрлени во Кумановоската болница, од каде поради сложеноста на здравствената состојба, заедно со својата мајка била префрлена во Клиничкиот центар во Скопје.
Случајот го презела полицијата, затоа што седумчленото семејство имало фалсификувани патни исправи, а до Табановце ги довел криумчар.
Девојчето заедно со својата мајка е задржано на лекување, а останатиот дел од семејството се наоѓа во Центарот за мигранти во Гази Баба.