Девет мртви во два напади во Сомалија

Сподели со своите пријатели

Девет лица загинаа, а повеќе се ранети во два напади со автомобил-бомби утринава во градот Махас во централна Сомалија, соопштија безбедносни извори и очевидци.

Loading...

Нападите и се припишуваат на радикалната исламистичка група Шехаб.

Тие беа изнесени во провинцијата Хиран, каде пред неколку месеци припадници на милицијата и сомалиската армија започнаа голема офанзива против исламистичките бунтовници.

„Терористите (Шехаб) утринава го нападнаа градот Махас со возила полни со експлозиви. Нивната цел беше цивилна зона и потврдивме дека девет лица, цивили, загинаа во две експлозии“, изјави за AFP официјален претставник на локалните безбедносни служби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Според очевидци, експлозиите се случиле во ресторан лоциран во близина на административната зграда на областа Махас.

Полицискиот командант во Махас рече дека „невини цивили“ биле убиени во две експлозии и ја обвини групата Шехаб дека напаѓа цивили откако била поразена во офанзивата на федералната влада поддржана од меѓународната заедница.

Групата Шехаб беше истерана од главните градови на земјата во 2011 и 2012 година, но сè уште има силна основа во руралните области.

На почетокот на јули минатата година локалните групи од провинцијата Хиран се побунија против групата Шехаб.

Loading...

Владата на Хисан Шеик Мохамуд, кој вети целосна војна против екстремистичката група, ја испрати армијата да ги поддржи милициите во септември минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Во таа офанзива, која ја поддржаа силите на Африканската унија во Сомалија и американските воздушни напади, беше обземен голем дел од територијата во централниот дел на земјата.

Бунтовниците редовно возвраќаат, покажувајќи ја нивната способност да напаѓаат во срцето на сомалиските градови и воени инсталации.