Три златни медали, пет сребрени медали и еден бронзен медал освоија гимнастичарите на клубот „Атлета“ од Куманово на Државното првенство во Битола во поединечна конкуренција.
На првенството клубот учествуваше со 23 натпреварувачи, од кои 9 во машка и 14 во женска конкуренција.
– Во силна конкуренција над 160 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија три златни медали,пет сребрени медали и еден бронзен медал, во поединечна конкуренција, изјави тренерот на клубот Филип Миленковски.
Во машка „А” програма во помлади пионери, Глигор Трајковски освои второ место, исто така Калин Илијевски освои второ место во категорија постари пионери, а во „Б“ програма – категорија помлади пионери Дарин Бабановски освои второ место.
Милош Јовановиќ се избори за прво место во категорија постари пионери, и Марко Величковски освои второ место во категорија постари пионери.
– Во женската „Б” програма категорија деца до 7 години Анисија Станојковска освои прво место, во иста категорија Софија Цеков освои второ место, во категорија пионерки Лена Трајковска се избори за прво место. Исто така во категорија постари пионерки Ангелина Блажевска освои трето место, во поединечна конкуренција изјави тренерот Никола Златановски.
Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.
Во последи шест години Гимнастиката во Куманово се враќа на она место каде што припаѓа.
– Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала , од причина што градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Исто така се надеваме дека „Соколана” може да биде целосно гимнастичка сала само за гимнастика, каде што ќе може нашиот град да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика, изјави тренерот Миленковски.
Гимнастички клуб Атлета полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата.
Никола Ивановски