Десетици муслимански бегалци Рохинџа спасени од превртен брод кај индонезискиот брег

Сподели со своите пријатели

Индонезиски брод за пребарување пронашол превртен дрвен чамец со десетици бегалци Рохинџа муслимани и почнал да ги спасува преживеаните.

Loading...

На рибарските чамци се качиле околу 10 луѓе, а 59 од нив биле спасени од екипажот на индонезиски брод кој тргнал во спасувачка мисија од северозападниот дел на островот Суматра.

Меѓу бегалците има мажи, жени и деца, а се проценува дека на дрвениот чамец имало вкупно меѓу 60 и 100 луѓе.

Минатата година, речиси 4.500 припадници на муслиманското малцинство Рохинџа, од кои две третини жени и деца, со чамци го напуштија Мјанмар и бегалските кампови во соседен Бангладеш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мухамед e најпопуларно машко име во Велика Британија

569 од нив загинале или исчезнале додека го преминувале Бенгалскиот залив и Андаманското Море, што е најголем број жртви од 2014 година.

Околу 740.000 Рохинџи избегаа пред неколку години во соседен Бангладеш, бегајќи од етничкото чистење во Мјанмар.