Директорката на Царинската управа на Република Македонија, Радеска Крстевска денес на десет царински службеници им додели пофалници од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Мукурија.
По повод Меѓународниот ден на Царината која се одбележува денес под мотото „Дигитална Царина“ пофалнците се доделени поради исклучителниот ангажман на цариниците на полето на имплементацијата на ИТ системите чија употреба е смерница кон прогресивниот напредок и придонесувањето за поголема ефикасност и современа размена на информации.
Со пофалници се закитија десет цариници и тоа:
-
Драган Јолевски, помошник директор на Сектор за информатичко комуникациска технологија
-
Ѓорги Наумовски, помошник директор на Сектор за акцизи
-
Дејан Рајчановски, началник на Оддление за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција
-
Јане Саздов, началник на Одделение за апликациска подршка
-
Зорица Ашиковска , началник на Одделение за техничка подршка
-
Зоран Блажевски, началник на Одделение за развој
-
Бобан Станковски , началник на одделение дежурен центар
-
Јовица Кипријановски , шеф на Служба за гранични и транзитни формалности
-
Ана Аризановиќ ,шеф на Служба за ИТ сигурност
-
Бране Петрушевски , самостоен советник администратор на апликации
Покрај ова, за посебна соработка на полето на имплементацијата на ИТ системите, континуирана соработка и електронско прибирање, размена и заштита на податоци поврзани со царинското работење, Царинската управа одлучи да им додели пофалници од Генералниот секретар на СЦО и на 10 институции кои официјално ќе им бидат доделени на 14 Април – Денот на Царинската управа, информираат од службата.