Денот на ЗОК одбележан во кумановската касарна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, Здружената Оперативна Команда (ЗОК), со воена свеченост денеска го одбележа денот на единицата.

Loading...

На свеченоста присуствуваше и претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на генералштабот на АРМ, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, претставници на дипломатскиот кор и соработници на Армијата.

Пред присутните се обрати командантот на ЗОК генерал мајор Павле Арсоски, кој истакна дека Армијата е таа која го предводи патот кон Северноатлантската алијанса.

– За македонската висока политика овој чин претставува успешно завршена работа. Но, за нас во Армијата допрва претстои сериозна работа за потполно интегрирање во воената компонента на Алијансата, рече генерал мајор Павле Арсоски.

Loading...

Како што додаде командантот на ЗОК, околу 4.000 војници годинава биле дел од национални и меѓународни вежбовни активности, а воедно  најави и реформа за трансформација на вооружените сили.

– Оваа реформа ќе се одвива постепено, во период од 10 години. Етапно ќе се формираат нови состави, постоечките ќе се доуредуваат. Се подразбира дека во ниту еден момент нема да ја доведеме во прашање борбената готовност и способност на нашите вооружени сили. За новата трансформација особено е важно, модернизацијата на вооружените сили да биде предуслов за успех. Со тој процес, во наредните месеци и години, нашата Армија ќе добива нов, модерен лик, со нови способности и капацитети, додаде генерал мајор Арсоски.

Ако минатата година имавме надеж дека наскоро ќе бидеме дел од големото семејство на НАТО, вели Арсоски, денеска сме сосема сигурни дека стануваме 30та земја членка на Алијансата, што како што потенцираше, отвора нови можности и перспективи.

На свеченоста врховниот командант на АРМ и претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски додели ордени и признанија на дел од припадниците на ЗОК, а признание му додели и на градоначалникот Максим Димитриевски за особена соработка на Општина Куманово со Армијата.

Loading...

Leave a Reply