Денеска облачно и свежо време

Сподели со своите пријатели

Според информациите на метеоролозите од УХМР за денеска се најавува променливо облачно и свежо време.

Loading...

Претпладне и кон крајот на денот со локален дожд, а ќе дува умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи од 8 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 11 до 17 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска не очекува дождливо време во претпладневните часови, а во попладневните облачноста полека ќе се намалува и дождот ќе престане. Ќе дува северозападен ветер кој на моменти ќе достигне брзина до 20 километри на час. Температура во утринските часови ќе биде само шест степени, додека максималната дневна вредност ќе достигне 11 степени целзиусови.

Од вчера нашето подрачје е под влијание на влажна воздушна маса, што допринесе врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи можеме да очекуваме веќе од утре, кога на повеќе места се очекува да наврнат над 25л/м2. Температурата ќе опадне за 5 до 8 степени во однос на вчерашната.

Според порталот за временска прогноза accuweather во Куманово наредните четврток и петок ќе ни донесат пообилни врнежи од дожд, а утре ќе имаме и драстичен пад на температурата, кога максималната дневна вредност ќе изнесува само девет степени целзиусови.