Денеска „Куманиум“ и „Гитаријада“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Два фестивала денеска ќе се одржат на плоштадот „Маршал Тито“ (пред НУЦК „Трајко Прокопиев“) во Куманово.

Loading...

Точно на пладне ќе започне „Куманиум, фестивал кој е посветен на најмалите.

Во рамките на овогодинешното издание на фестивалот се предвидени неколку активности, почнувајќи од богата ликовна изложба на дела настанати за време на Детскиот ликовен камп „АСНОМ“ – Куманово во период од изминатите три години, преку перформанс на професионален жонглер – Дарко Ѓурчиновски, па се до гостување и перформанс на бројни аниматори и маскоти од популарни цртани филмови и видео игри, караоке шоу, катче за “face art” и слично.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плато за „street workout“ поставено кај Соколана (ФОТО)

Програмата е предвидена за деца од сите возрасти кои ќе имаат можност директно да учествуваат во сите активности предвидени во рамките на фестивалот, во период од 12:00 до 15:00 часот.

Комплетната организација е на Фондација за култура и спорт Куманово, а, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

На истата локација со почеток во 20:00 часот вечерва ќе се одржи фестивалот „Гитаријада“, при што ќе настапат бендовите „Беседа“ од Куманово, „Его“ од Ниш, Република Србија и „Негатив“ со Ивана Петерс од Белград, Србија.

Никола Ивановски