Денеска е Ноќта на вештерките, а ова e неговото значење

Сподели со своите пријатели

Ноќ на вештерките (или Halloween) е празник што се слави на 31-ви октомври секоја година, а најчест симбол е тиквата што свети, како и интересните маски кај младите.

Loading...

Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“.

Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ирските доселеници во Северна Америка со себе донеле верзија на нивната традиција.

Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот на тиквичката која свети. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови.

Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западноевропскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain), додека други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени.

Така да доколку денеска не одлучите да излезете во јавност со маска, вечерта можете да ја минете во пријатна атмосфера со некој интересен хорор филм, заедно со најблиските.