Третиот понеделник во годината, односно во јануари се смета за најдепресивен ден во целата година.
Според научниците токму денеска луѓето се чувствуваат најосамено, финансиската состојба не е најдобра по новогодишните празници, а одлуката за новогодишната диета и држењето до зацртаниот режим на исхрана не одат по планот.
Студеното време многумина ги натера да се затворат во четири ѕида, а новогодишната магија замина, летото пак е многу далеку.
Во 2005 година овој ден го установил академикот Клиф Арнели со тоа што во предвид земал мнозинство фактори кои би можеле да не депримираат, како што е состојбата на банковната сметка, времето, стапката на развод и слично.
Оттогаш истражувачите следеле милиони објави на социјалните мрежи и откриле дека на овој ден бројот на негативни коментари е зголемен за пет пати.
Традиционално јануари е и време на разводи. Првиот понеделник кога децата се враќаат на училиште инаку е денот кога луѓето најчесто бараат разводи, според адвокатот Варнер Гудмен.
Тој вели дека разводот најчесто се одложува поради Божиќните и новогодишните парзници, а на почетокот на јануари се во метеж и се оптоварени со реализација на новогодишните одлуки.