Денеска без струја овие локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово и околината денеска ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.

Во период од 09:00 до 11:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од селото Челопек.

Од 12:00 до 14:00 часот прекини се најавени за селото Руѓинце.

Во период од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од населбата Карпош, поточно реонот на Сателит.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во мрежата.

Никола Ивановски