Денес се слави денот на Светите браќа Кирил и Методиј

Сподели со своите пријатели

Свети Кирил и Методиј се браќа  родени во Солун во IX век, ,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија.

Loading...

Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф).

Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Тие се мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.

Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените.

Браќата Кирил и Методиј се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените.

Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква.

Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

Loading...

Leave a Reply