Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер со променлив правец, а минималните температури ќе бидат во интервал од 0 до 5,додека максималните од 9 до 16 степени целзиусови.
Околината на Куманово денес ќе има можност да види кратки сончеви периоди, но ќе има и услови за краткотрајни слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе го достигне 11-от степен.
Според извештајот кој вчера УХМР го достави до јавноста околу 19:30 најмалку врнежи паднале во Претор и тоа еден литар на метар квадратен за 12 часа, додека за истиот период во Виница паднале 26. Како и обично и во овој извештај нема информации за количината на врнежите во Куманово.
Обилни врнежи од дожд метеоролозите најавија и за периодот од викендот.