Денес православните верници го чествуваат Рождество Христово – Божик

Сподели со своите пријатели

Православните верници денес го слават Божик или Рождество Христово — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција.

Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век.

Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.