Денес очекувајте врнежи дури и до 40 литри на метар квадратен

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Според метеоролозите на УХМР, денес се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и тоа во западните и источните делови каде ќе дува умерен југоисточен ветер,

Локално се очекуваат и над 40л/м2 наврнат воден талог. На повисоките планини на северозапад повремено ќе има слаб снег. Највисоката дневна температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

За утре, УХМР прогонозира претежно облачно со повремен локален дожд, особено на запад. Во ноќните часови почнувајќи од запад повторно ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност од Медитеранот кој ќе донесе нови врнежи од дожд, а поради продор на постуден воздух од север на планините над 1000 м.н.в. во западна Македонија има веројатност врнежите постепено да поминуваат во снег.