Денес на јужниот премин се очекува да пристигнат нови 13 000 бегалци

Сподели со своите пријатели

Вечерва кон Гевгелија се очекуваат 13 000 бегалци, соопшти граѓанскиот активист Јасмин Реџепи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Loading...
  • Во Идомени е преполно. Откако ја добив информацијата се советував со надлежните од кампот да се убрза протокот, и за да нема застој вечерва и утре. Веднаш пуштија групи со такси и автобуси, а и бесплатните автобуси на ИВЗ ги зедоа првите групи, напиша Реџепи.

Инаку, според информациите од терен, во текот на изминатите 24 часа, од Гевгелија кон Табановце заминале дури 9000 бегалци за едно деноноќие, вели Мерсиха Смајловиќ, член на невладината организација ЛЕГИС.

12072537_10207820148484989_4908115576396469110_n

Од друга страна, според МВР, во  периодот од 08,00 часот на 17 до 18 октомври, до 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.812 странски државјани, од кои, 2.030 се од машки пол, 653  се од женски, 844 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 285 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 19 јуни до 18 октомври во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно152.830 странски државјани, додека до  Одделението за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Бегалците кои деноноќно пристигнуваат на јужниот премин Гевгелија од каде со организиран транспорт се превезуваат кон Табановце, редовно се згрижени од невладините организации, УНХЦР и Црвен Крст во вид на храна, вода и облека.