Демонстранти запалија оган пред куќата на Нетанјаху, барајќи негова итна оставка

Сподели со своите пријатели

Антивладините демонстранти се собраа вчера во Ерусалим пред домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, палејќи оган на улицата и повикаа на негова оставка.

Loading...

„Напуштени сме – Избори сега!“ пишуваше на еден банер.

Демонстрантите извикуваа преку мегафони, вееја знамиња и удрија тапани додека полицајците стоеја покрај барикадите, пренесува ХИНА.

Ваквите протести зачестија додека израелската војна против Хамас продолжува во Газа и кога конфликтот со либанскиот Хезболах се заканува да ескалира, иако протестите не го достигнаа својот врв како пред една година кога владата на Нетанјаху се обиде да воведе промени во израелскиот правосуден систем.

Многумина во толпата, која ја броеше илјадници, извикуваа поддршка за договорот со кој ќе се ослободат околу 120 израелски заложници кои ги држеше Хамас во Газа.

Кога сонцето почна да заоѓа, демонстрантите го блокираа сообраќајот и запалија голем оган на централната улица во Ерусалим.

Но, немаше извештаи за големи немири и полицијата не употреби водени топови за контрола на толпата, како што направи за време на побурните протести.

Полицијата пронашла димни бомби во близина на домот на премиерот.

Loading...

Протестите се уште не ја променија политичката клима, а Нетанјаху сè уште го контролира стабилното мнозинство во парламентот.