Демократката Кејти Хобс е нова гувернерка на Аризона

Сподели со своите пријатели

Демократската кандидатка Кејти Хобс ја победи републиканката Кари Лејк во трката за гувернер на Аризона, пренесува NBC News.

Loading...

Хобс, која моментално ја извршува функцијата државен секретар на Аризона, ја победи Лејк, поранешна локална новинарка која тесно ја поврза нејзината кампања со поранешниот претседател Доналд Трамп и неговите лажни тврдења за наместени претседателски избори во Аризона, според американската телевизија.

„Почестена сум што сум избрана за следен гувернер на Аризона“, рече Хобс во изјавата во понеделникот вечерта.

Изборниот неуспех на Лејк уследи по поразот на уште двајца високи републиканци во Аризона, кои ја негираа регуларноста на победата на американскиот претседател Џозеф Бајден во оваа држава за време на претседателската трка во 2020 година, кандидатот за Сенат Блејк Мастерс и кандидатот за државен секретар Марк Финчем, според NBC News.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД на чекор да го забранат ТикТок, но зошто?