Регулаторната комисија денеска донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ.
Дизелот поефтинува еден денар, додека бензинот останува со иста цена како и претходно.
Новата цена на дизелот ќе изнесува 48,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќиснтво ќе се продава за 37,50 денари.
За 1,5 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, со што неговата цена од полноќ ќе изнесува 19,257 денари за еден килограм.
Бензинот останува со непроменети цени, односно Еуросупер БС-95 останува 62,50 ден/лит додека еуросупер БС-98 ќе се продава по 64,50 ден/лит.