Богатсвото на Путин своевремено е проценето на 40 милијарди долари, па на 70 милијарди, меѓутоа, Бил Бровдер, финансиски експерт за фондови во Русија, денес вели ека имотот на претседателот е далеку поголем и достигнува на 200 милијарди долари.
Тоа би значело дека путин е меѓу најбогатите во светот, шпекулира Дејли меј. Интересно е што уредниците на Википедија забраниле цитирање на овој медиум во своите статии, оценувајќи дека се работи за недоверливи извори.
Овој лист пишува дека богатсвото на поранешниот агент на КГБ, кој е на чело на Русија веќе 17 години, многу пати се мерило и дека Путин е позат по луксузниот начин на живот. Роден е во семејство од средна класа, а живеел во социјален стан во Санкт Петербург со уште две семејства. Денес е наводно сопственик на големи имоти, удели во компании и бројни движни имоти.
Се шпекулира дека поседува 58 хеликопктери и авиони, како и 20 имоти ширум Русија. Само неговата јахта „Олимпија“ вреди 35 милиони долари, му ја подарил РОман Абрамовиќ, но тврди дека тоа било многу пред да биде претседател на Русија. Путин наводно поседува и палата на црноморското приморје чија вредност се проценува на милијарда долари.
Во еден извештај се споменува дека Путин користи приватен авион вреден 137 милиони долари со бања украсена со злато. Поголемиот дел од богатството, како што проценуваат експертите, го стекнал благодарение на нафтениот бизнис, а во сопственост има 37% од уделот во компанијата „Surgutneftgaz“, 4,5% „Газпром“, како и удели во „Гунвор“. Меѓутоа, од овие компании ги демантирале сите наводи дека Путин таму поседува акции.
Што се однесува до самиот Владимир Путин, тој во април 2015 година пријавил дека претходната година, односно во 2014 имал приход од само 119 илјади доалри, а пријавил дека во сопственост има два стана и паркинг место, пишува Дејли мејл.