„Дедо Мраз на мотор“ по 16. пат во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Традиционално и годинава, по 16ти пат во Куманово се одржа манифестацијата „Дедо мраз на мотор“ во организација на Мото клуб „Мечки“.

Loading...

 

 

Моторџиите првин имаа дефиле со своите миленици на две тркала низ централното градско подрачје по што се дружеа со најмалите пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

 

 

Loading...

Таму на дечињата им поделија слатки, по што следуваше и културна програма во која учествуваа ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“, ООУ „Кочо Рацин“ како и балетското студио Скилс фектори“.

 

 

– Се подготвуваме, мора да набавиме одело, да споделиме со другарите, да исконтактираме и други лица и секоја година ова го организираме со месеци за да биде како што треба, изјави Виктор Михајловски од Мото клубот „Мечки“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница

 

 

Loading...

И годинава по дружењето во центарот на градот, со своите мотори, „Мечки“ однесоа подароци за штитениците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост. Годинава тоа е електричен шпорет, но и пакетчиња за сите нивни членови.

 

 

Традиционално, на кумановските моторџии им се придружија и нивните колеги од останатите градови од Македонија.

Никола Ивановски