Децата кои имале строги мајки, кога ќе пораснат се склони на алкохолизмот

Сподели со своите пријатели

Децата кои имаат строга мајка перфекционист, која секогаш барала само најдобро од нив, како возрасни ќе имаат поголема веројатност да имаат проблеми со алкохолот, според една студија во САД.

Loading...

Таквите лица прибегнуваат кон алкохол за да се справат со депресијата предизвикана од тоа да не бидат совршени, покажала студијата.

Меѓу другото, истражувачите од Државниот универзитет во Аризона откриле дека женските студенти кои имаат авторитарни мајки, но не и татковци, ќе станат перфекционисти.

Не само што придонесува за депресивни состојби, туку го поттикнува и алкохолизмот.

Студијата опфатила 419 студенти кои просечно имале околу 20 години. На учениците им биле поставувани прашања за нивните родители и требало да го оценат нивото на сопствениот перфекционизам, да ги објаснат причините зошто пиеле алкохол и да кажат колку пиеле во различни прилики, како и да одговорат дали ги забележале симптомите на депресија.

Студијата покажала дека отстапувањето од перфекционизам кај некои ученици предизвикува верба дека тие не ги исполнуваат високите стандарди што ги имаат, или создадени сами од себе или наметнати од нивните родители, особено нивната мајка.

Ако таткото бил авторитарен или строг, тоа не влијаело на депресивните симптоми кај студентите или прекумерната употреба на алкохол.

Строго воспитување се смета дека е примена на строги правила, кои доколку не се почитуваат, се казнуваат со посрамување и други форми на казнување и недостаток на топлина.

Loading...

Перфекционизмот е високо потценета конструкција која може да влијае на здравјето, забележуваат истражувачите.

Тоа предизвикува не само социјална исклученост, туку и опсесивно компулсивно нарушување, нарушувања во исхраната, стрес, а исто така може да доведе до самоубиство.

Потребата да се биде совршен во очите на другите буквално може да биде штетно за вашето здравје. Строгите родители кои поставуваат големи барања за своето дете може не знаејќи да создадат ситуација кога детето станува премногу зависно од тој родител.

Кога родителот е постојано вклучен и учествува во сите активности и одлуки на детето, тој или таа нема да ги стекне вештините потребни за независно одлучување.

Комбинацијата на строгост и прекумерно заштитничко родителство е недостаток на емпатија помеѓу родителот и детето. Како одговор на нереалните и високи очекувања на родителите, децата честопати стануваат несреќни, повлечени, па дури и агресивни.

Престреогите родители имаат големо влијание врз самодисциплината и одговорноста на детето, велат експертите.

Исто така, вообичаено е строго родителство да создаде отпор кон одговорноста кај децата. Овој отпор произлегува од чувство на недостаток на контрола.

Leave a Reply