Полицијата во Левистон го идентификуваше Роберт Кард како главен осомничен за пукотниците во кугланата и ресторанот.
Локалните жители, исто така, се предупредени да останат во своите домови, бидејќи Кард се смета за „вооружен и опасен“.
Кој е Роберт Кард, масовниот убиец од Мејн?
Како што пренесуваат медиумите, овој 40-годишник е припадник на резервниот состав на американската армија, а исто така е специјално обучен за ракување со оружје.
Тој бил женет двапати и има три деца.
Тој ѝ е познат на полицијата уште порано, бидејќи неговото досие е преполно со бројни пријави за семејно насилство, а за една од неговите бивши сопруги, исто така, му е одредена забрана за насилство.
Кард летово поминал две недели во психијатриска установа бидејќи слушнал гласови и се заканил дека ќе пука во базата на Националната гарда.
Убиецот студирал инженерство на Универзитетот во Мејн.
Не се знае дали дипломирал, но студирал помеѓу 2001 и 2004 година, изјави портпаролот на Универзитетот Ерик Гордон.
Да потсетиме, во средата навечер најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе беа ранети во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн.
Полицијата го идентификуваше Роберт Р. Кард од Баудоен како убиецот.
Пукањето се случило на повеќе локации, вклучувајќи куглана и ресторан. Тие два објекти се оддалечени околу 6,5 километри.
BREAKING THIS IS MAINE MASS SHOOTER ROBERT CARD
SHARE & FIND THIS MAN.
: Lewiston, Maine Mass Shooting Suspect Robert Card Has Been Previously Arrested For Child Pornography & Is A Registered Sex Offender Who CAN NOT LEGALLY POSSESS A FIREARM!
Reportedly 16 dead, 50 to 60… pic.twitter.com/wnPKU77zHB
— Ape𝕏 (@Apex644864791) October 26, 2023