Дарко Петковски Спејко нов член на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Дарко Петковски – Спејко од денеска е нов член на Советот на Општина Куманово.

Loading...

– Верификационата комисија на советот на Општина Куманово го разгледа уверението за избраниот советник Дарко Петковски од советничката листа група избирачи предводена од Ивана Ѓорѓиевска, и утврди дека советникот има уредно уверение за невогиот избор. Врз основа на тоа верификационата комисија предлага советот да изврши верификација на неговиот мандат, рече Лидија Костиќ, претседател на комисијата.

Неговото пристапување денеска едногласно го изгласаа останатите членови, а тој доаѓа на функцијата откако Николај Павловски од независната листа советници „За наше Куманово“ претходно поднесе оставка поради доусовршување на своето високо образование во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Со читање на свечената изјава Петковски официјално стана дел од Советот на Општина Куманово.

– Свечено изјавувам дека правата и должностите на член во Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе го почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Северна Македонија, рече Петковски.

Со оставка на еден совентик на негово место доаѓа првиот следен кој не успеал да влезе од листата кандидати на локалните избори.

Никола Ивановски