Даравелски официјално е слободен човек

Сподели со своите пријатели

Поранешниот директор на Царинската управа, кумановецот Драган Даравелски, од денеска е целосно слободен човек.

Loading...

Ова следува откако судскиот сувет при Кривичниот суд денеска официјално му ја укина пресудата.

Според судиите на Даравелски не може да му се суди повторно оти настапила апсолутна застареност на делото за кое беше гонет – „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Даравелски 20 години беше бегалец од правдата, беше неодамна на Граничниот премин Табановце бидејќи во отсуство беше осуден во 2007 година на затворска казна од седум години.

Откако дојде тој со адвокати побара повторување на постапката со образложение дека не ја примил и не знаел дека му се судело во Македонија, додека тој се криел во Србија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

Судиите поверуваа дека тој не знаел, иако беше приведуван во Србија и бил во екстрадициски притвор каде веројатно му објасниле дека причина била потерницата од Македонија за служење затворска казна.

Кривичниот суд дозволи да се повтори постапката, која сепак нема да се повтори, оти делото застарело.

Така првично осуден дека ја оштетил државната каса за 2,5 милиони евра, Даравелски и натаму ќе ужива на слобода, но сега во родната земја.

Loading...

Никола Ивановски