Данска воведе четврта доза вакцина против Ковид 19

Сподели со своите пријатели

Данска ја воведува четвртата доза од вакцината против Ковид-19 наесен за оние над 50 години, како дел од стратегијата за борба против ширењето на болеста во наредните месеци, објави денеска премиерот Мета Фредериксен, пренесува Ројтерс.

Loading...

Иако инфекциите со Ковид се сè уште ниски, во Данска има зголемување на бројот на случаи, откако во земјата доминантна стана новата позаразна БА.5 подваријанта на сојот омикрон.

„Не нè чуди што се појавуваат нови варијанти и може да се зголемат инфекциите. Но, тоа сепак се случува порано од очекуваното. И затоа мора да реагираме и веднаш да дејствуваме“, нагласи Фредериксен.

Таа додаде дека ранливите категории на население ќе можат да добијат нови засилувачки дози од вакцината веќе следната недела, според Ројтерс.