Даниел Димевски се кандидираше за претседател на Македонскиот олимписки комитет.

Сподели со своите пријатели

Димевски, рече дека 70 отсто од спортските организации веќе стојат зад неговата кандидатура.

Loading...

Во минатото Димевски, беше претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, токму кога Македонија освои четврто место на Европското првенство. Беше советник од областа на спортот во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а поседува и државен орден за заслуги во областа на спортот.

– Прв пат имам шанса да се претставам пред севкупниот спорт. Добив поддршка од сите спортски федерации. Близу 70 проценти од спортските организации ме поддржуваат. По сите тие години што сработив, сега наиде на препознавање и поддршка“, рече Димевски за „Сител“.

Leave a Reply