Со свој став и реакција денеска излезе и градоначалникот на Општина Куманово по денешните обвинувања од страна на Срѓан Ивановски во името на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.
Дамјановски вели дека советничките прашања кои се единствени за Општина Куманово, советниците од опозицијата не сакале да ги искористат за јавна дебата.
Ја напуштија бидејќи не можеа да се соочат со тоа да го покажат нивното незнаење и способност во однос на водењето на реална локална економска политика. Користат секојдневно по дваминутна позиција да кажат на конференција за печат и нафрлат прав во очи на граѓаните. Во име на граѓаните настапуваат, а бранат само позиции на три фамилии – вели градоначалникот.
Тој истакна дека на седницата било објаснето се во врска со јавниот превоз на учениците, неограничен временски простор кој опозицијата не го искористила да дебатира на сите теми.
Она што е сработено отчетот ќе го дава локалната самоуправа пред Советот и пред граѓаните на Куманово. Знаеме дека во овие тешки времиња каде имаме комплетно партизирани институции во системот на Република Македонија, Куманово не може да биде успешна општина во својата развојна програма и економски развој од аспект што сме единствена најголема опозициска општина која држи позиција и е постојано под силен притисок на централната власт – рече Дамјановски.
Градоначалникот ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се освестат дека времето на шпекулации, лаги и бранење на она што не може да се одбрани е поминато.