Новогодишните и божиќните празници се вистинска можност за декорирање на елката, украсување на просториите и празничен дух кој во тоа време не мами.
Тоа е време кога семејството се собира, кога се разменуваат подароци и кога се прават планови за годината што претстои.
Меѓутоа, она што најмногу ги радува малите е декорирањето на елката. Многумина од нас не знаат која е вистинската причина поради која ја декорираме елката. Но, се е убаво објаснето во една руска бајка.
Имено, над пештерата во која Христос бил роден раснале дрве – бор, кедар и елка. Нив ги обсипала светлината на Христовото раѓање, па посакале и тие нешто да подарат.
Кердарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале игглички полни со убав мирис. Борот ги спуштил најубавите шишарки, додека елката горчливо плачела, поради тоа што немала мирис на игличките, ниту имала шишарки. Нејзините солзи ги видела ѕвезда па се сожалила.
Испратила мала ѕвезда да се спушти на нејзиниот врв. Тогаш таа ја прекрила со ѕвездина светлост и длабоко започнала да се поклонува, ја спуштила ѕвездичката пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Христос.
Затоа и денес на врвот на елката се става ѕвезда, како знак на љубов кон Исус Христос.
Подароците кои се поставуваат под елката се подсетување на Христовото раѓање и баш таа радост треба да ги израдува децата.