Научниците од Универзитетот во Ланкашир откриле дека кучињата навистина перципираат одредени слики и снимки од екраните.
Начинот на кој тоа го прават е поинаков од човечкиот. Кучињата често ќе се доближат поблизу до екранот, не затоа што подобро сакаат да видат, туку затоа што се многу интерактивни гледачи.
Исто така, имаат дихроматски вид, што значи дека поседуваат само два рецептори за бои, па гледаат во само два светлосни спектри – син и жолт.
Научниците се свесни дека кучињата гледаат во екраните и преферираат одредени содрижини, но сепак не знаат дали им се допаѓа она што го гледаат. Исто така, преференцијата на содржините зависи од куче до куче токму како и со луѓето.
Сепак, за разлика од луѓето, кучињата имаат многу кратка интеракција со медиумските содржини. Најчесто неколку секунди ќе гледаат во керанот, но не се фокусираат на она што го гледаат.
Технологијата напредуваше и има потенцијал да пружи забава за милениците кои често се сами дома во вид на кратни снимки од други кучиња во различни интеракции и специфични бои.