Дали пратеничка на Европскиот парламент работела за руската ФСБ?

Сподели со своите пријатели

Никогаш не сум била поврзана со КГБ, за разлика од многу познати латвиски личности, ниту сум соработувала со некоја друга разузнавачка агенција, изјави пратеничката во Европскиот парламент од Латвија, Татјана Жданока (73), за која европската институција отвори истрага поради наводи дека со години работела како руски шпион, пишува Политико.

Loading...

Наводите, кои Жданока ги негира, беа изнесени во рускиот истражен весник „Инсајдер“, кој рече дека таа работи во име на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), наследничката на КГБ од советско време.

„Отворена е истрага во рамките на Европскиот парламент за тврдењата на весникот. Претседателката на парламентот Роберта Мецола ги сфаќа наводите многу сериозно и го упати случајот до Советодавниот комитет за Кодекс на однесување. Таа во среда ќе го изнесе ова прашање на Конференцијата на претседателите на парламентите“, потврди портпаролот на парламентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Жданока беше еден од само 13 пратеници кои гласаа против резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина во март 2022 година.

Политико потсетува дека пратеничката група на Зелените/Европската алијанса за слобода (ЕФА) побарала Жданока да ги напушти поради таквото гласање