Дали овој човек ќе стане нов премиер на Франција?

Сподели со своите пријатели

Името на новиот премиер на Франција треба да биде објавено утрово, јави BFMTV.

Loading...

Француската телевизија јавува дека се чини дека по вчерашната ненадејна оставка на премиерката Елизабет Борн, фаворит во трката за шеф на владата во моментов е Габриел Атал (34), министер за национално образование и млади, кој е член на Ренесансата на претседателот Емануел Макрон.

BFMTV пренесува дека многу министри од француската влада реагирале на оставката на Борн, пофалувајќи ја нејзината „храброст“ и „убедување“, како и фактот дека таа се однесувала како вистински „државник“.

Се наведува дека меѓу оние кои испратиле пораки на социјалните мрежи за заминувањето на Борн бил и Џералд Дерманен, министерот за внатрешни работи, кој при последната реконструкција на владата се надевал дека ќе ја наследи на функцијата.