Во ноември 2004 година борбена група на американските ловци USS Nimitz имала радарско-визуелна средба со неидентификуван летечки објекти. Во декември 2017 година, објавени се и инфрацрвените снимки од инцидентот, а Вашингтон пост тогаш пишуваше дека снимката ја објавил поранешниот разузнавач Луис Елизондо за да ја расветли тајната операција на Министерството за одбрана.
Војскат аникогаш до сега официјално не призна дека програмот постои, но Њујорк Тајмс дошол до видео материјали, а ги контактирал и учесниците на спорната програма која службено била прекината во 2012 година. Сепак упатените велат дека луѓето кои работеле на него се само преместени на други позиции и дека се уште ги анализираат сите податоци поврзани со НЛО.
Една од снимките кои протекоа во јавноста, покажува двајца пилоти на F/A-18 Суперхорнет кои во 2004 година поелтале од носач за авиони поради необичен објект, со големина на патнички авион.
„Ова е е*ен дрон“, вели еден од пилотите. „Има цела ескадрила, погледни на С.А.“. „Мој боже“ „Сите одат со ветерот. Дува 120 милји на час“, „Погледни се свртува“, „Веројатно не е тоа…“, се слуша на снимката која протече во август.
Пентагон упорно молчеше за тој инцидент, но на 23 април американскат аморнарица за списанието Политико потврдила: „Има премногу извештаи за неовластени и неидентификувани летала кои последните години влегуваат во нашиот воздушен простор.“
Елизондо инсистира дека инцидентот со НЛО е реален:
– Сега имат елуѓе на највисоки нивоа во власта на САД и меѓународната заедница кои конечно го земаат овој феномен сериозно, применувајќи реални ресурси, вистински талент и вистинска стручно конечно да сфатиме што е тоа, рекол Елизондо.
Тој за Њујорк Тајмс рекол дека истапил од Министерството за одбрана во септември 2017 година поради претерана тајновитост која го опкружувала целиот програм. Рекол дека не може да зборува во име на американската влада, но дека тој смета оти постојат докази кои ја поддржуваат теоријата дека вонземските летала ја посетиле Земјата.
– Тие летала прикажуваат карактеристики кои американското воздухопловство, како и обичо и ниту едно друго во светот, моментално не поседуваат во својот арсенал, вели Елизондо.
Поранешниот висок службеник на Пентагон вели дека леталото од снимката им „пркосило на законите на аеродинамиката“, дека нема очигледни форми на погонот и дека маневрира на начиј, кој, како што смета, е далеку од Г-силите кои човечкото тело би можело да ги поднесе.
Текст на Њујорк Тајмс ги вклучувал и видеоснимките на американските пилоти кои се сретнале со НЛО во 2014 година.
Еден од пилотите, пензионираниот капетан Давид Фравор, за CNN рекол дека летечките објекти изгледале како „15-метарски бомбони Тик-так“, со способност за маневрирање како молња.
Американскиот сентаро кој ја започнал програмата е горд на своето достигнување.
– Не ми е срам, ниту ми е жал што тоа го покренав. Мислев дека тоа е една од подобрите работи кои сум ги направил во мандатот. Направив нешто што никој претходно не беше направил, заклучува Рид.
Дури на децидарно прашање на Њујорк Тајмс, Пентагон признал дека таква програма постои. Годишниот буџет на истата изнесува 22 милиони долари.
Фото: Јутјуб принтскрин