Илон Маск објави анкета на Твитер во која бара од корисниците да гласаат дали поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да биде вратен на страницата на социјалната мрежа откако претходните сопственици му забранија пристап.
Претходно вчера Маск објави дека не е донесена одлука за обновување на профилот на Твитер на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Сметката на Трамп беше трајно суспендирана по немирите на Капитол Хил во јануари 2021 година.
Reinstate former President Trump
— Elon Musk (@elonmusk) November 19, 2022
Се вратија профилите на Кети Грифин, Џордан Петерсон и Бабилон Би
Маск најави и дека ќе бидат обновени корисничките сметки на други контроверзни личности како Кети Грифин, Џордан Петерсон и конзервативниот сатиричен портал Babylon Bee на Твитер, социјалната мрежа која милијардерот неодамна ја купи.
– Новата политика на Твитер е слобода на говор, но не и слобода на дофат – напиша Маск на Твитер, додавајќи дека негативните објави кои содржат говор на омраза ќе имаат намалена видливост и дека компанијата нема да заработува од нив.
– Се вратија Кети Грифин, Џордан Петерсон и Бабилон Б. Одлуката за Трамп се уште не е донесена – додаде Маск.
Електронски повици до инженери
Маск, исто така, ги покани работните инженери на состанок во живо во неговата канцеларија во Сан Франциско преку е-пошта во петокот, еден ден откако се проценува дека стотици вработени на Твитер одлучиле да ја напуштат компанијата за социјалните медиуми бидејќи Маск во четвртокот им даде рок на вработените да се пријават за „долги часови со висок интензитет“.
Тоа е дел од брзата промена и хаосот што ги одбележа првите три недели на Маск како сопственик на Твитер, за време на кои работната сила на компанијата веќе е повеќе од преполовена на околу 3.700 поради отпуштања и други заминувања.
Вчера попладне компанијата почна да го прекинува пристапот до системите на некои вработени кои одбија да ја прифатат понудата на Маск, изјави еден извор за Ројтерс.