Дали е ова најкреативниот начин да се зачуваат пчелите? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Според некои статистики во Холандија живеат дури 358 видови пчели. Но, за жал, повеќе од половина од нив веќе се наоѓаат на „Холандската црвена листа“ која означува загрозени видови.

Loading...

За да се обидат да го решат овој проблем имаат креативно решение. Крововите на автобуските станици во градот Утрехт ги претвориле во мали „пчелодроми“ со трева и цвеќе кои на пчелите им помагаат да се размножуваат.

Градот Утрехт сега има 316 автобуски станици со вакви зелени кровови, а освен што се корисни за природата и животинскиот свет, изгледаат навистина уникатно и убаво.

Фото: Twitter/ Jolanda van Ginkel

Leave a Reply