Ракометарката на Куманово Сања Дабевска вечерва го даде својот максимум заедно со остатокот од екипата и извојуваа пласман во големото финале на Купот на Македонија.
Loading...
Она што денеска публиката имаше можност да го види во Спортската сала Куманово е само увертира за големото финале каде кумановски ќе се сретнат со составот на Вардар.
Дабевска изрази надеж дека ќе успеат да го освојат пехарот.
-Пресреќна сум, заедно со екипата дадовме се од себе, мислам дека лавовски се боревме и стигнавме до тоа што го сакавме. Вардар не треба да се потцени, екипата е добра, се надевам дека ќе ги победиме и ќе го освиме Купот на Македонија, изјави Дабевска.
Loading...