ЦРВЕНОКОСИ ИЛИ РУСОКОСИ: Кој има поголем IQ?

Сподели со своите пријатели

Врежан е стереотипот дека оние кои се русокоси, а особено жени, имаат тенденција поспоро да размислуваат. Неодамнешна студија во целост го уништи тоа верување.

Државниот универзитет во Охајо одлучил да го испита стереотипот „глупави русокоси“.

Спровеле студија на примерок од 10.878 жени од националното истражување, со најчести бои на косата.

Откриле дека најнизок коефициент на интелигенција имаат црвенокосите, а потоа бринетите.

Колку точно црвенокоси луѓе има на планетата?

Loading...

Црвенокосите во студијата имале просечен IQ од 101,2 додека русокосите 103,2. Бринетите биле во средина со 102,7.

– Истражувањата покажуваат дека стереотипите често имаат влијание на вработувањето, промоциите и други општествени искуства. Оваа студија пружа убедливи докази дека не смее да има дискриминација кон русокосите во врска со нивната интелигенција. Мислам дека не можете со сигурност да тврдите дали русокосите се попаметни од останатите, но дефинитивно можете да кажете дека не се поглупави. Значи, не дискриминирајте ги русокосите, наместо тоа, чувајте го тоа за нивните сестри со црвена коса, изјавил Џеј Загорски од државниот Универзитет во Охајо.

Leave a Reply