Волонтери на Црвениот крст од Куманово денеска низ централното градско подрачје делеа вода и флаери со совети за заштита на граѓаните од топлотниот бран.
– Поради високите температури нашите волонтери денеска излегоа на терен и поделија ладни водички и флаери за топлотен бран дизајниреани од наша страна. Вкупкно беа поделени 310 мали шишиња со вода, велат од ОО Црвен Крст Куманово.
Акцијата, велат оттаму, ќе продолжи и во текот на наредниот период.
– Целта е да се дадат препораки за ублажување и заштита на населението од топлотен бран, како да постапуваат при високи температури, и да им се укажува на последиците кои можат да влијаат на нивното здравје, додават оттаму.
Во Куманово денеска се очекуваат максимални 37 степени целзиусови, прогласена е портокалова фаза на опасност од високи температури, а заладување, според сегашните прогнози, не е на повидок.
Никола Ивановски