COP27: Стотина светски лидери на самит за климата во Шарм ел Шеик

Сподели со своите пријатели

Повеќе од сто светски лидери денеска се состануваат во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на самитот за климатските промени или COP27.

Loading...

Научниците истакнуваат дека климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочува Земјата, но аналитичарите не очекуваат големи резултати од самитот кој започнува денеска и ќе трае до 18 ноември.

Речиси 50 шефови на држави и влади ќе зборуваат во текот на првиот ден од разговорите на „повисоко ниво“ за климатските промени, а следниот ден се очекува уште повеќе.

Аналитичарите веруваат дека повеќето од нив ќе зборуваат за својот ужас од катастрофите предизвикани од климатските промени, а меѓу нив ќе биде и пакистанскиот премиер Мухамед Шариф, во чија земја поплавите летово предизвикаа најмалку 40 милијарди штети и раселени неколку милиони луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници царски пингвини угинаа на Антарктикот

Поголемиот дел од лидерите ќе се сретнат денеска и утре, а потоа лидерите на 20-те најбогати земји ќе заминат за Бали, Индонезија, каде ќе го одржат самитот на Г20 на Бали.

Поранешниот американски советник за климатски промени Најџел Парвис рече дека „има големи и мали самити за климатските промени, а овој не се очекува да биде голем“.