Четириесет и едногодишниот Б.В. од кумановското село Пчиња физички бил нападнат вчера околу 13:50 кога на депонијата Краста од страна на неколку непознати лица при што со тешки телесни повреди завршил на клиничкиот центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Нападот во полиција го пријавил самиот чувар, при што увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА при Секторот за внатрешни работи Куманово, при што било констатирано дека Б.В. забележал повеќе лица кои влегле на депонијата и собирале предмети. Кога им рекол да ја напуштат депонијата физички бил нападнат од Б.С. (32) од Куманово, кој му нанел тешки телесни повреди.
Б.В. бил пренесен на Хирушко одделение во Куманово, од каде како итен случај бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.