26.04.2019 12:25

ЧУДНИ ЗАБРАНИ: Во Канада нема свиркање, во Сингапур гуми за џвакање


Разни обичаи и „маки“ ги натерале законодавните власти низ светот на одреднеи прописи, кои за останатиот дел од светот делуваат чудни.

Гуми за џвакање во Синагпур

loading...

Гумата за џвакање е производ кој би требало да го избегнувате во оваа земја, а исклчок од правилото е никотинската. Прописот кој забранува џвакање уведен е со идеја улиците да не се валкаат дополнително со оваа леплива маса. Таму заборавете на оваа навика, ако џвакате за да го освежите здивот, подобро привремено користете пеперминт бомбони.

Нема кревање стапала од педали

Ако возите велосипед во Мексико, забрането е при возењето да го одвоите стапалото од педалата. Ова правило влегло во законикот во 1892 година, пренесува „This is Insider“, а со цел поголема безбедност. Меѓутоа, нема забрана за возење „без раце“.

Свиркање во Канада

Градот Петролија во округот Онтарио, Канада, со цел да ја зачува мирната атмосфера, псотавил забрана за правење бучава со викање, свиркање или гласно пеење во било кој период од денот.

Високи потпетици во Грција

Доколку сте во посета со историските знаменитости, препораката е никако со потпетици. Иако не ни е јасно зошто некој на високи потпетици би тргнал во посета на рушевини, каде теренот секако е нерамен и незгоден, изгледа дека ваквите случаи биле познати низ историјата, со оглед на тоа дека Грците морале ваквото правило да го официјализираат за да ги обезбедат своите знаменитости од евентуални оштетувања.

Во Германија не смеете да останете без гориво на автопат

loading...

Додека возите по германските патишта би било добро покрај брзиномерот повременот да го погледнувате и покажувачот за количина на гориво во резервоарот, бидејќи не смее да остане празен.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments