Чудна светлина снимена над руските градови: Луѓето загрижени дека се тестира некое оружје

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи кружат фотографии, наводно направени во Москва и Омск, на кои се гледа чудна жолто-зелена светлина која го осветлува небото.

Loading...

Светлината, наводно, била видена и од Белгород, град во близина на границата со Украина.

Граѓаните објавуваат фотографии и видеа на Твитер, но никој нема објаснување што се случило.

Во коментарите поединци изразија стравување дека Русите тестирале проектили или некое друго опасно оружје, но нема потврда за тоа.

 

 

Кремљ не даде официјална изјава.

Loading...

Иако нема потврда дека било тестирано оружје, на социјалните мрежи се шпекулира дека оваа светлина е знак дека Русите користеле ласерско оружје, поточно систем наречен „Пересвет“, кој беше претставен во март 2018 година, пренесува Т-Онлајн.

Се вели дека може да ги заслепува и оневозможува непријателските системи на оддалеченост до 1.500 километри.

 

 

Сепак, најверојатно ќе биде дека зад овие необични фотографии се крие редок природен феномен и дека во прашање се светлосните столбови.

Овој редок визуелен природен феномен е создаден од светлината што се рефлектира од ледените кристали во воздухот.

Светлината може да дојде од Сонцето (обично кога заоѓа), во тој случај феноменот се нарекува сончев столб или соларен столб.

Loading...

Понекогаш изворот на светлина може да биде месечината, како и вештачките светла, како што се улични светилки.