Членовит на Вагнер пристигнаа во Централноафриканската Република

Сподели со своите пријатели

Неколку стотици „искусни“ членови на групата Вагнер пристигнаа во Централноафриканската Република со цел да ја „обезбедат безбедноста“ пред референдумот на 30 јули во таа земја, објави во неделата група поврзана со оваа руска паравојска.

Loading...

„Друг авион пристигна во Банга со инструктори за работа во ЦАР. Планираната ротација продолжува. Неколку стотици искусни професионалци од компанијата Вагнер се приклучуваат на тимот кој веќе работи во таа земја“, соопшти Здружението на меѓународни безбедносни офицери, пренесува Бета.

Групата додаде дека „руските инструктори ќе продолжат да им помагаат на војниците на вооружените сили на ЦАР и на агенциите за спроведување на законот во земјата“ пред референдумот за Уставот закажан за 30 јули.

Заедницата на меѓународните безбедносни службеници објави фотографија на Телеграм на која се гледаат 30 луѓе во воени униформи како стојат на пистата на аеродромот.

Неизвесна иднина на групата

Според американските власти, таа заедница на офицери е фронт за групата Вагнер во ЦАР.

Од јануари е под американски санкции, а таа група ја предводи Русинот Александар Иванов.

Статусот и континуираните операции на приватната паравоена компанија се неизвесни по неуспешниот пуч во Русија на 23 и 24 јуни.

Нејзините интервенции во странство, особено во Сирија и во неколку африкански земји, како Судан, ЦАР и Мали, досега не беа јавно доведени во прашање.

Loading...