Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.Ѓ. (62), главен инжинер во ФЗЦ „11 Октомври“ АД Куманово, В.С. (61) , Б.И. (46) и А.А. (61), тројцата сменоводители во ФЗЦ„ 11 Октомври“ АД Куманово и сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и „кражба“ сторено од страна на непознато лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавените во периодот од 2010 година до 18.12.2015 година со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле при користењето на материјалите за работа доверени во нивното работење, на тој начин што првопријавениот одобрил требување на 2000 килограми легури, иако немало потреба за толкава количина, а додека останатите кои го должеле магацинот, каде истата се чувала, не воделе контрола над вработените кои неконтролирано потрошиле околу 960 килограми легура, а додека на петтопријавениот му овозможиле да одземе количина од 1040 кгилограми.
Loading...
Loading...
На тој начин вработените причлиниле финансиска штета на ФЗЦ„ 11 Октомври“ АД Куманово во износ од 152.058 денари.