Четворица кошаркари на КК Пинк Пантери на списокот за Кадетско Европско Првенство

Сподели со своите пријатели

Селекторот на репрезентацијата на Македонија во кошаркарската младинска категорија – Владимир Мирковски, го објави поширокиот список од 26 кошаркари кои ќе ги почнат подготовките за настап на Европско Првенство што летово ќе се игра во Бугарија. Подготовките почнуваат на 1 јули.

Loading...

Селекторот Владимир Мирковски се реши подготовките да ги почне со поширок состав, кој низ тренинзите ќе се надгледува и селектира до конечните 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат нашата земја на оводогинешното Кадетско Европско Првенство.

За првиот собир кој е закажан за 1 јули со почеток во 10:00 часот во Спортскиот Центар Ново Лисиче во Скопје, селекторот ги повика кошаркарите од повеќе екипи меѓу кои и Андреј Антевски, Мартин Ѓеоргиевски, Христијан Петрушевки и Јаков Мициќ од КК Пинк Пантери од Куманово, екипа вице шампион во кошарка до 16 години.

Според планот на подготовки, ќе се тренира два пати дневно, а во почетниот период дел од тренинзите ќе се одржуваат во сала, а дел ќе бидат кондициски тренинзи на отворено.

Пријателски натпревари за македонската Кадетска Репрезентација се предвидени кон крајот на месец јули, кога тимот најпрво ќе отпатува за Самоков за средби со Бугарија, а потоа ќе учествува и на мини-турнир во Романија.